„Трансот“ на „Емирати“ може да му донесе строга казна на Арсенал (ВИДЕО)

Арсенал е на добар пат да ја освои првата шампионска титула во Премиерлигата по пауза од 20 години. „Топџиите“ по спектакулраниот триумф против Борнмут од 3-2 ја задржаа предноста од пет бода пред Манчестер Сити, но тритте бода може да му донесе и строга казна на лондонскиот тим.

Имено, откако Арсенал губеше со 0-2, успеа да направи целосен пресврт до кој стигна со голот на Нелсон во 97. минута од натпреварот, а истиот беше прославен со вистинска лудница и на трибините и на теренот. Играчите и стручниот штаб на „топџиите“ влетаа во теренот против сите правила и за тоа е започната истрага од фудбалската федерација.

Прописите велат дека играчите и членовите на стручниот штаб мораат да се однесуваат на одговорен начин и тоа во зацртаните линии. За прекршување какво што дојде непосредно пред последниот свиреж на судијата може да добие финансиска казна, но и евентуална суспензија на актерите на непрописното славје.

Се вчитува...