Требаше да биде тренер на МЗТ, сега ќе го води Косово против Македонија

Репрезентацијата на Косово ќе биде предводена од нов селектор во претстојниот циклус од претквалификациите за Евробаскет 2021, во кој оваа селекција се наоѓа во група со Македонија и со Романија. Станува збор за Дамир Мулаомеровиќ, поранешен селектор на БиХ, кој го прифати предизвикот да седне на клупата на Косово во обид да оствари позитивни резултати во овој претквалификациски циклус.

Интересно, Мулаомеровиќ во текот на ланската сезона беше многу близу до доаѓање на клупата на МЗТ Скопје. Сепак, тој не успеа да се договори со управата на „металците“, која потоа го избра Жељко Лукајиќ за тренер, па македонскиот првак до крајот на сезоната во АБА-лигата бележеше порази и испадна од регионалното натпреварување.

Мулаомеровиќ ќе дебитира на клупата на Косово токму против Македонија, меч што ќе се игра на 13 септември во Приштина.

Се вчитува...