„Требаше да го победиме Челси“

Почетокот на новата година донесе и нов кикс на Челси откако „сините“ ремизираа против Нотингем Форест со 1-1. Како гостин лондонскиот тим имаше предност од 1-0 уште од 16. минута, но домаќините стигнаа до изедначување во 63. минута, а овој резултат остана на семафорот до самиот крај.

Тренерот на Нотингем Форест, Стив Купер смета дека неговиот тим бил подобар противник во поголемиот дел од мечот, а заслужил и победа.

„Мораме да бидеме задоволни, бидејќи бевме подобриот тим. Требаше да победиме, но тоа е, ќе ја научиме лекцијата. Се обидуваме да победиме на секој меч, но мораме да дадеме и почит на противникот кој има врвни играчи на сите позиции. Имаа среќа при голот, топката се одби до нозете на Рахим. Во второто полувреме бевме агресивни и добивме голем дел од дуелите. Се на се, мислам дека бевме подобар тим. Имавме и повеќе шанси во првото полувреме, затоа бод е најмалку што заслуживме“, вели Купер.

Се вчитува...