Тренерите прогнозираат: Интер ќе биде шампион на Италија

Јувентус девет сезони доминира на италијанската фудбалска сцена, но на серијата на „старата дама“ се очекува да и дојде крајот, со оглед на променливите игри и резултати под водство на Андреа Пирло. „Ита Спорт“ организираше анкета меѓу 16 тренери во Серија А со единствено прашање, која екипа ќе го освои скудетото.

Милан моментно е првопласиран со 34 бода, но изненадувачки огромното мнозинство се изјасни дека типува на Интер како нов шампион. Тројца од 16-те прашани тренери (Михајловиќ, Раниери и Прандели) одбија да дадат одговор, додека дури 11 од нив (Гасперини, Филипо Инзаги, Симоне Инзаги, Ди Франческо, Пиоли, Гатузо, Ливерани, Де Зерби, Џампаоло, Готи и Јуриќ) јасно ставија до знаење дека Интер е нивниот фаворит во трката за највисок пласман.

За лидерот Милан гласаше само еден тренер, и тоа Џовани Стропа од Кротоне, додека во чудо на Јувентус и десетта титула во низа за „старата дама“ верува единствено стратгот на Специја, Винченцо Италијано.

Се вчитува...