Тренерот е жртва на неуспехот на Милвоки Бакс

Милвоки Бакс одлучи да го отпушти Мајк Баденхолзер, пренесуваат американските медиуми. Баденхолзер го имаше најдобриот учинок со Бакс во лигашкиот дел од сезоната, но беше елиминиран во првото коло од плејофот од Мајами Хит со 4-1, а најмногу и поради неговите лоши одлуки во финишот на натпреварите.

Со Милвоки освои прстен во 2021 година, а на клупата на тимот од Висконсин беше од 2018 година, а претходно пет години беше тренер на Атланта Хокс.

Баденхолзер е еден од тренерите од „дрвото“ на Грег Попович, на кого му беше асистент во Спарс од 1996 до 2013 година. Двапати беше прогласен за тренер на годината.

Се вчитува...