Тренерот кој летово списка 360 милиони евра за засилувања е главен фаворит за отказ во Премиер лигата

Англиските обложувалници имаат нов фаворит за тренер кој прв би добил отказ во новата сезона во Премиер лигата и тоа е човекот кој потроши околу 360 милиони евра на засилувања.

Ако до вчера неделата Алваро Арбелоа и Мајкл Керик беа фаворити за отказ, од денеска тоа е менаџерот на Тотенхем, Роберто де Зерби.

Тотенхем беше една од најактивните екипи на трансфер пазарот и само за четворица фудбалери, Сандро Тонали (108 мил. евра), Матеус Фернандес (99 мил.), Савио (87 мил) и Јан Пол ван Хеке (60 мил), потроши повеќе од 350 милиони евра, но има очаен старт на сезоната.

Во првите две кола, Тотенхем доживеа два порази и притоа не успеа да постигне гол, по што еуфоријата кај навивачите е заменета со гнев и веќе почнаа да бараат Италијанецот да добие отказ.

Според англиските медиуми, Де Зерби ми можел многу брзо да добие отказ бидејќи во наредниот период го очекуваат натпревари против Нотингем форест, Евертон, Астон Вила, и Манчестер Јунајтед и доколку не освои барем седум бодови, фановите кои веќе се обложиле дека Италијанецот ќе добие отказ, би можеле да заработат.

Се вчитува...