Тренерот на Детроит цел меч го навредуваше Дончиќ, па на крај доби одговор од Словенецот (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра нов одличен натпревар. Далас надокнади негатива од 11 од третата четвртина и на крај го победи Детроит со 111-105.

Дончиќ на извонреден начин се врати по повредата и постигна 53 поени, дополнети со осум скок и пет асистенции.

Но, интересно, мечот го одбележаа и неговите постојани караници со клупата на Детроит пистонс. Како што изјави по мечот, еден од помошните тренери на Детроит го навредувал за време на целиот натпревар. Дончиќ му одговори, а на крај дојде и до судир…

„Ако сака да провоцира, јас ќе му вратам. Не се плашам од никого“ – рече Дончиќ по мечот.

 

Се вчитува...