Тренерот на Динамо: Шкупи би ни бил потежок ривал, Седлоски ќе сака да нѝ отежни

После денешната ждрепка за 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите, Шкупи за можен ривал го доби тимот на Динамо Загреб, кој е неприкосновен во последните 15 години во хрватскиот фудбал. Тоа е најтешкиот можен ривал кој го добија чаирчани, но најпрво Шкупи треба да го мине тимот на Линколн од Гибралтар за да патува на „Максимир“.

Тренерот на Динамо, Анте Чачиќ ја коментираше ждрепката за која истакна дека Шкупи би бил потежок ривал од Линколн, и дека теренот во Скопје е секогаш „жежок“.

„Ние ќе пристапиме на секоја екипа максимално сериозно. Не потценуваме никого, ќе водиме сметка до тогаш екипата да ја доведеме во оптимален натпреварувачки ритам. Кога гледаме од кои земји доашаат клубовите, тогаш е јасно дека Динамо е поквалитетен. Но, повторувам, мораме да бидеме подготвени за секоја пречка. Ниту еден противник не е лесен. Потежок противник би ни бил Шкупи. Тоа е терен кој е многу жежок за нас. Ги води Гоце Седлоски, поранешниот фудбалер, но и тренер на Б екипата на Динамо. Седлоски нѐ познава, и ќе направи се да нѝ отежни“, рече Анте Чачиќ, кој во минатото беше и хрватски селектор.

Седлоски беше тренер на Вардар кога во 2016 година се сретна со Динамо Загреб, и испадна од „модрите“. Во Скопје Динамо победи 1-2, а во Загреб со пресврт повторно славеше Динамо со 3-2.

Се вчитува...