Тренерот на Кузмановски седнува на клупата на Барса?

Актуелниот тренер на Хановер, Карлос Ортега, е главен фаворит за нов тренер на Барселона по најавеното заминување на Чави Пасквал од кормилото на каталонскиот гигант. Пасквал денеска објави дека на крајот од сезонава ќе се повлече од тренерската функција во Барса, а каталонците се сериозно заинтересирани на негово место да го доведат Ортега, кој е тренер на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски во Бундес-лигата.

Токму на барање на Ортега македонскиот бек минатото лето се пресели од Магдебург во Хановер, а под водство на шпанскиот стратег нашиот интернационалец бележи значителен раст во формата.

Според одредени медиуми, Ортега веќе бил договорен да го наследи Пасквал по истекот на неговиот договор во 2022 година. Сепак, предвременото заминување на трофејниот стратег сега ја компликува ситуацијата за Барселона, која ќе треба да преговара со Хановер за отштета за предвремен раскин на договорот со бундеслигашот, или пак да ангажира привремено решение со едногодишен договор.

Се вчитува...