Тренерот на Лехија: Не знам ништо за Академија Пандев, но Македонците се храбри и упорни

Лехија Гданск ќе биде противник на Академија Пандев во 1. квалификациско коло во Лигата на Конференции. Полскиот тим е фаворит, а тренерот Томаш Качмарек беше прашан за мислење за противникот.

Тој кажа дека не знае ништо за противникот, но дека екипата го отскликува карактерот на земјата.

„Искрено, не знам ништо за Академија Пандев. Се што можам да кажам е дека македонскиот тим го покажуа карактерот на оваа земја. Македонците се храбри и упорни луѓе. Кога работев во Погон игравме против Македонија ЃП пријателски натпревар, и одигравме 0-0. Беше многу непријатен натпревар за нас и имавме многу проблеми. Доколку сакаме да имаме успех на ова натпреварување, мора да се пласираме во следната рунда“, рече Качмарек.

Се вчитува...