Тренерот на Милан: Интер и натаму е главен фаворит за титула

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го коментираше вчерашниот меч со Наполи во кој неговиот тим оствари триумф, и се искачи на првото место на табелата. Исто така Пиоли ја коментираше и борбата за титулата во Италија.

„Добивме натпревар со директен конкурент, но ништо не се промени. Имаме еден бод повеќе од истата оваа фаза од минатата сезона, така што имаме уште многу работа. Интер и понатаму е фаворит бидејќи ја брани титулата и има натпревар помалку. Имаат многу силен тим“, рече Пиоли.

Милан има 60 бодови и два бода повеќе, но и натпревар повеќе од конкурентот Интер на втората позиција. Наполи сега е трет и заостанува три поени од првото место.

Се вчитува...