Тренерот на Њукасл ги демантираше шпекулациите околу Роналдо

Кристијано Роналдо вчера и официјално беше претставен како нов фудбалер на Ал-Наср со кој го потпиша најскапиот договор во историјата на фудбалот, но притоа не се отфрли можноста за негово враќање на „Островот“ следната сезона со оглед на посебната клаузула во договорот која му овозможува настап за Њукасл.

На оваа тема сега говореше и тренерот Еди Хау кој сепак ги отфрли гласините…

„Му посакувам се најдобро на Кристијано во следниот предизвик. Во однос на тоа што се пишува, барем од нашата страна нема вистина“, вели Хау.

Се вчитува...