Тренерот на Орландо Меџик позитивен на коронавирус

Тренерот на Орландо Меџик, Стив Клифорд е позитивен на коронавирус, пренесуваат американските медиуми. Тој на прес-конференција одржана на зум ја потврди оваа информација велејќи дека се чувствува добро и нема симптоми.

„Немам симптоми и се чувствувам одлично. Не верувам дека ќе можам да го водам Орландо во понеделник, бидејќи на терените ќе се вратам кога ќе добијам неколку негативни тестови. Мислам дека ќе бидам подготвен да го водам тимот во последните натпревари сезонава“, изјави Клифорд. 

 

Се вчитува...