Тренерот на Пандев пред отказ во Џенова

Хрватскиот стратег Иван Јуриќ се наоѓа пред отказ во италијанскиот калчолигаш Џенова, откако овој тим синоќа го доживеа и петтиот пораз во новата сезона од Серија А. Џенова има освоено само два бода во седум кола и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата, без ниту една победа. Сето ова ја прави многу сложена ситуацијата на тренерот Јуриќ и тој најверојатно ќе мора да си замине од кормилото на тимот.

Горан Пандев на вчерашниот меч влезе како резерва во 77.минута, само неколку минути откако Родриго Паласио го постигна единствениот гол на мечот во корист на Болоња (0-1).

 

Се вчитува...