Тренерот на Ривер откако донесе титула на Бока: Знам дека многумина ќе се лутат, но фудбалот е достоинство

Бока Јуниорс во луда завршница во последното коло стигна до титулата во Аргентина. Бока во последното коло влезе со бод предност пред Расинг. Бока играше дома со Индепендиенте, додека Расинг го дочека Ривер.

Бока против Индепендиенте одигра само 2-2, а можеше да остане без титулата откако во 90. минута беше досуден пенал за Расинг во дуелот со Ривер. Резултатот беше 1-1, а голманот на Ривер, Армани го одбрани пеналот, шут вреден титула на Галвани. Расинг до крајот тргна на победа, а Ривер од контра успеа да го совлада Расинг и така да му „подари“ титула на вечниот ривал.

За тренерот на Ривер, Марсело Галјардо ова беше последен натпревар на клупата на тимот и потоа заминува. Тој даде свој коментар за ова „лудило“.

„Знам дека ќе има многу фрустрирани навивачи. Мислам дека ова е начин да разберат што ние претставуваме и што пренесуваме и кога победуваме и кога губиме. Достоинство и чувство кон она што сме. Среќен сум, и многу горд. Најдобро е да имате внатрешен мир. Доживеавме многу убави работи, и сега затворивме на овој начин. Моравме да го штитиме својот интегритет, достоинство и нашата вредност“, рече Галјардо. 

Се вчитува...