Тренерот на Севилја го брани Чави: Барселона лошо ги третира своите легенди

Барселона во последниот натпревар во оваа сезона ќе игра против Севилја. Предводникот на Севилја, искусниот Кике Санчез Флорес го коментираше последниот случај во противникот, каде што беше сменет Чави, и покрај тоа што претходно беше објавено дека ќе остане во клубот.

Предводникот на Севилја кажа дека со ова раководството на Барселона само потврдило колку лошо се однесува кон легендите на клубот.

„Каков погрешен потег. Можеби не треба да го кажам ова, но Барселона многу лошо се однесува кон своите легенди. Истото беше и со Куман, Меси, сега со Чави. Посакувам клубовите да ги почитуваат легендите. Тоа би било најреално. Имаше многу поврзаност со фановите, многу поврзаност. Почитувајте ги легендите“, изјави Флорес.

Се вчитува...