Нов случај на расизам и ксенофобија на шпанските фудбалски терени беше забележан во Мадрид на дуелот меѓу Гетафе и Севилја (0-1).
На удар на дел од домашните навивачи беа фудбалерот на гостите Маркос Акуња и тренерот Кике Санчез Флорес. Мечот беше и прекинат во 68. минута поради расистичките испади.
Кике Санчез Флорес, кој во три наврати седеше и на клупата на Гетафе и еднаш го спаси и клубот од испаѓање, по мечот откри дека кон него биле упатени повицте „циганин, циганин“…
„Горд сум со секој дел од своето тело на своето ромско потекло. Но, една работа е да се биде ром или да се има ромско потекло, а сосема друго е тоа да се користи за некого да го навредите на расна основа. Тоа не е нормално“ – рече Флорес и продолжи:
„Некои навивачи мислат дека може да извикуваат се што ќе им текне. Луѓето мислат дека може да зборуваат што сакаат. Но, ние сме запослени тука на место на кое треба да сме заштитени. Во денешно време, со цивилизацискиот напредок кој го има такво нешто не е нормално. Но, мене ми е мило што голем дел од навивачите на Гетафе се спротиставија на сите тие извици“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА