Тренерот на Шкендија пред две години бил киднапиран во Албанија!

Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока, имал трауматично исксутво пред неполни две години, откако бил киднапиран од криминалци во Албанија додека бил шеф на стручниот штаб на Влазнија.

Ова го обелодени новинарот Сенад Никшиќ во емисијата „Спортски Процес“, откривајќи дека Ѓока бил киднапиран и држен во заложништво неколку дена. Не е откриено што точно се барало од сегашниот тренер на тетовци, но откако тој бил пуштен на слобода, случајот не го пријавил во полицијата.

Никшиќ дополнува дека уште двајца поранешни тренери на Влазнија, Армандо Кунгу и Агим Цанај, исто така имале проблеми со криминални групи додека го воделе овој тим во албанскиот шампионат.

Ернест Ѓока седна на клупата на Шкендија во октомври минатата година. Тој успеа да најде лек за големата криза, тетовци се консолидираа, но се уште имаат осум бода заостанување зад Вардар во трката за титулата во македонското првенство.

Се вчитува...