Тренерот на Торино: Да беше досуден чистиот пенал за нас, Интер ќе беше поразен

Само секунди го делеа Торино до триумф над италијанскиот првак Интер во 29. коло во Серија „А“. Торино имаше водство до 93. минута, кога Санчез израмни.

Меѓутоа, деталот кој го реши натпреварот беше недосудениот пенал за домашниот тим при 1-0, а и тренерот на Торино, Иван Јуриќ имаше што да каже за таа ситуација.

„Првото полувреме го одигравме многу добро. Дадовме гол, имавме многу шанси. Во вториот дел малку паднавме, но на крајот ни се случува нешто што често ни се случува сезонава. Сепак, целосно несфатливо е што не ни беше досуден пенал, и не ми е јасно зошто не беше свирнат. Тоа судиите нема да можат никогаш да објаснат. Во тој момент да дадвме гол за 2-0, сигурно ќе го добиевме натпреварот, а Интер ќе беше поразен“, рече Јуриќ.

Се вчитува...