Тренерот на Тотенхем пред мечот со Арсенал: „Кој е Езе?“

Арсенал го победи Тотенхем со 4-1 во градското дерби во Премиерлигата. Со три гола на натпреварот, фудбалерот на „топчиите“ Еберечи Езе беше апсолутен херој.

Интересен момент се случи пред натпреварот, кога на официјалната прес конференција тренерот на Тотенхем, Томас Франк кога го прашаа за Езе, тој одговори:

„Езе? Кој е тој Езе?“, во насмевка истакна Франк.

На крајот англискиот репрезентативец врати со три гола и со победа на Арсенал, а по натпреварот Франк ја „промени плочата“.

„Многу боли овој пораз. Нема да го кријам фактот дека игравме ужасно. Спротивно од она што го очекувавме. Можам само да им се извинам на навивачите за овој пораз. И покрај желбата двата тима да играат, противникот го искористи моментот, и после тоа не можевме да се вратиме. Лоша игра, и пораз“, изјави Франк.

Се вчитува...