Тренерот на Жирона прогласен за најдобар во Шпанија

Тренерот на Жирона, Мичел Санчез е прогласен за тренер на сезоната во шпанската Ла Лига во сезоната 2023/24. 48-годишниот стучњак ги победи некои големи имиња како Анчелоти и Симеоне, кои беа во трка за оваа награда.

Под негово водство, Жирона стана апсолутен хит во сезоната во Шпанија, и го освои третото место, со што избори место во Лигата на шампионите идната сезона.

За оваа награда покрај Анчелоти и Симеоне, беа номинирани уште и Валверде од Атлетик Билбао и Марселињо од Виљареал. Претходно беше објавено дека Џуд Белингем е прогласен за најдобар играч во Ла Лига за сезоната 2023/24.

Се вчитува...