Тренерот откри зошто Кузмановски не игра за Магдебург

Филип Кузмановски беше најавуван како значаејно засилување за тимот на Магдебург, но македонскиот ас засега добива само минимална минутажа. Тимот во меѓувреме влезе во слаба серија, но тренерот Бенет Вигерт продолжи да го игнорира Кузмановски, кој голем дел од натпреварите ги следи од клупата за резерви.

Медиумите почнаа да вршат притисок врз Вигерт поради слабата игра, по што стратегот на Магдебург обелодени зошто Кузмановски не минува подолго време на теренот.

„Новиот ракометар од Македонија, за него јазикот е најголемиот предизвик. Не можам да комуницирам со него ниту на германски, ниту на англиски, па не можам да влијаам врз Филип кога ќе влезе во игра. Некогаш „преведувачи“ се Муса или Безјак, но Кузмановски мора да биде самостоен, не смее да зависи од никого“ – порача тренерот на Магдебург.

Се вчитува...