Тренерска промена во Валенсија пред одлучувачкиот натпревар против Партизан

Валенсија доживеа шокатен убедлив пораз во претпоследното коло од Евролигата губејќи со 69-89 од „фенерџијата“ Асвел драстично губејќи ги шансите за пласман во плеј-инот на европското кошаркарско првенство. За шпанскиот тим тоа е трет пораз во низа кој значеше и промена на тренерското место.

Од истото заминува Алекс Мумбру и ќе го наследи неговиот помошен тренер Хавиер Албер кој ќе дебитира на натпреварот против Партизан во Белград кој е од огромно значење за двата тима.

Мумбру е деветтиот тренер кој доби отказ во Евролигата оваа сезона. Претходно откази претрпеа и Серхио Скариоло, Душко Ивановиќ, Џанмарко Поцеко, Едем Чан, Ти-Џеј Паркер, Димитрис Итудис, Жоан Педероја и Казис Максвитис.

Се вчитува...