Тренерска смена во Беласица: Гуцев на местото на Арифовски

Шефки Арифовски не е повеќе тренер на струмичкиот второлигаш Беласица. Негово место го зазема екс фудбалерот на клубот, Благој Гуцев.

Интересно е што Арифовски е сменет, и покрај победата на екипата над Беса со 1-0.

„По вчерашниот спогодбен раскин на соработката помеѓу ФК Беласица и Арифовски Шефки, за нов шеф на стручниот штаб е поставен доскорешниот помошен тренер и поранешниот фудбалер кој е дете на школата на ФК Беласица, Гуцев Благој. Благодарност до Арифовски за соработката, а на Гуцев му посакуваме среќна и успешна сезона!“, се вели во соопштението на Беласица.

Се вчитува...