Тренерска вртелешка – Јуриќ пак ќе му биде тренер на Пандев

Раководството на Џенова го продолжи трендот на ротирање на тренерите откако во текот на денешниот ден му беше врачен отказ на Давиде Балардини, а на негово место именуван е поранешниот стратег на овој клуб, Иван Јуриќ. Џенова забележа победи на три од последните пет средби, но претседателот Енрико Пречиози изненади многумина со одлуката по неделниот пораз од Парма да му врачи отказ на Балардини.

Давиде Балардини повеќе не е шеф на стручниот штаб на Џенова. Му благодариме за посветеноста, но во иднина улогата на прв тренер ќе му припадне на Иван Јуриќ. Новиот тренер ќе се сретне со претставниците на медиумите во текот на утрешниот ден“ – објави Џенова во клупското соопштение.

Јуриќ веќе еднаш беше отпуштен, па повторно ангажиран од страна на Пречиози, па останува да се види дали Хрватот овојпат ќе издржи до крајот на сезонава на клупата на Џенова.

Се вчитува...