Отказот на Благојевиќ во Партизан предизвика бура во српската јавност, а сосема неочекувано во текот на вчерашниот ден беше пласирана информација дека поранешниот македонски репрезентативец Виктор Треневски е меѓу кандидатите за нов тренер на белградските „црно-бели“.
Треневски, кој претходно во мак-фудбалот го водеше Работнички, моментно работи во црногорскиот третолигаш Голден иглс, во изјава за „Спортски Журнал“ обелодени дека воопшто немал контакт со управата на српскиот гигант.
„За мене беше убаво чувството да го прочитам своето име меѓу кандидатите за тренер на Партизан. За жал, останува сам на тоа, бидејќи немав никакв контакт со луѓето од Партизан. За мене лично беше чест само да бидам споменат меѓу имињата, ако ми се јавеа ќе им кажев дека ќе тргнам пешки и за два дена ќе стигнам до Белград. Партизан е мојот најсакан клуб и веднаш би се вратил, верувам дека овој тим поседува огромен потенцијал“, изјави Виктор Треневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

