Работнички надмоќно се пласираше во второто квалификациско коло од Лигата на Европа, откако во реваншот го совлада Тре Пене со 6-0. Со вкупен резултат 7-0, „романтичарите“ го очекуваат следниот противник. Тренерот Виктор Треневски е задоволен од завршената работа, иако потенцира дека Работнички може и подобро, а тоа ќе го покаже во следното коло.
„Не бевме сјајни, а победивме со 6-0. Честитки за фудбалерите за убедливиот триумф. Кога видов Најденов дека спие во копачки во карантин, знаев дека ќе биде добро. Одиме понатаму, сосема заслужено, и сега го чекаме следниот ривал. Се мачевме малку на почетокот за да го отвориме резултатот, но, сепак, 6-0 е резултат за почит против секој тим“, изјави Виктор Треневски, шефот на стручниот штаб на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА