Треневски не е опција: Мијатовиќ носи Шпанец за нов тренер на Партизан

Управата на Партизан го навлече бесот на голем дел од своите навивачи откако реши да му врачи отказ на тренерот Срѓан Благојевиќ, кој бележеше добри резултати со исклучително подмладениот тим, но на крајот ја плати цената за двата врзани порази во низа, од кои едниот значеше и елиминација на белградските „црно-бели“ од Купот на Србија.

Црногорските медиуми шпекулираа дека поранешниот македонски репрезентативец Виктор Треневски е еден од главните фаворити за наследник на Благојевиќ, но набрзо стигна и демант од нашиот северен сосед. Според српските медиуми, Треневски не е опција во моментов, а Предраг Мијатовиќ има свој план – да донесе шпански тренер како долгорочен предводник на проектот Партизан.

Од бројните имиња најголеми шанси му е даваат на Диего Мартинес, 44-годишен стручњак кој има работено во Осасуна, Гранада, Еспањол и Лас Палмас, а надвор од Шпанија го има водено и грчкиот гигант Олимпијакос.

Се вчитува...