Треневски: Во модерниот фудбал нема веќе „рибари“, но ние одиме во следната рунда во ЛЕ

Сосема очекувано максимално позитивно е расположението во редовите на Работнички пред утрешниот реванш натпревар со екипата на Тре Пене од Сан Марино од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа.

По победата од 0-1 на гостувањето на првиот дуел, „романтичарите“ атакуваат и на втора победа но без ниту најмало потценување на противникот.

Ние сме фаворити секако, тоа апсолутно ниту најмалку не е спорно. Победивме 0-1 на гости, но знам дека Тре Пене нема да дојде тука туристички. Нема веќе муабети за “рибари” во модерниот фудбал. Ете вчера беше елиминиран и Глазгов Ренџерс. Што значи на секој натпревар мора да се игра максимално сериозно“ – истакна на прес-конференцијата пред утрешниот дуел, менаџерот на Работнички, Виктор Треневски.
IMG_9362
„Очекуваме секако победа и пласман во следната рунда натпревари. Сигурен сум дека Динамо Минск ќе биде следниот наш противник во Лигата на Европа“ – дополни Треневски.
IMG_9388
Сосема еднакво е размислувањето и на капитенот Душко Трајчевски…
„Фаворити сме и  тоа ќе го покажеме и на теренот. Мислам дека ќе дојдема и до поубедлива победа. Најважно е брзо да го отвориме резултатот. Во секој случај сакаме триумф и секако пласман во следната фаза од европските натпревари“ – рече Трајчевски.

Се вчитува...