Трет одложен натпревар во Премиер-лигата за „Боксинг-деј“

И покрај оптимистичките предвидувања дека ниту еден натпревар во Премиер-лигата нема да биде одложен за „Боксинг-деј“, сепак со големи проблеми се соочуваат клубовите во Премиер-лигата.

По натпреварите Ливерпул – Лидс и Вулверхемптон – Вотфорд кои уште вчера беа одложени и трет натпревар нема да го види својот почеток ден по Божиќ. Од Премиер-лигата денеска потврдија дека и мечот меѓу Евертон и Барнли ќе биде одложен.

Причината е дека Евертон има само девет фудбалери кои не се во протокол за Ковид-19 и едноставно нема шанса регуларно да биде одигран натпреварот.

 

Се вчитува...