„Трета среќа“ за Тевез во Бока јуниорс

Карлос Тевез по трет пат во својата кариера го облече дресот на Бока јуниорс. Тевез пред извесно време го раскина договорот со Шангај Шенхуа и потпиша двегодишна соработка со аргентинскиот гигант.

33-годишниот напаѓач за Бока играше во периодот од 2001 до 2004 година, потоа се врати во 2015 година и одигра една сезона за клубот пред да замине во Kина. Искусниот Аргентинец се откажа од богатсво откако одигра само 20 натпревари на кои постигна четири погодоци за тимот на Шангај.

„Се вратив за да ја освојам Копа Либертадорес со Бока во наредните две години. Ќе дадам се од себе да го остварам тој сон, сакам да ја донесам седмата титула на Бока во ова натпреварување“, вели Тевез.

Екс-напаѓачот на Манчестер јунајтед, Сити и Јувентус, пристигнува со големи амбиции во својот матичен клуб, се надева дека добрите игри во дресот на Бока ќе му обезбедат место во репрезентацијата на Аргентина.

„Факт е дека нема да играм фудбал уште долго време, а да одам на Светско првенство на мои години би било фантастично, особено ако се изборам за место во селекцијата покрај толку квалитетни играчи на мојата позиција“, додаде Тевез.

Се вчитува...