ТРЕТИ ЛИГИ: Еуромилк, Борец и Кајмани на чекор до бараж за Втората лига

На неколку кола пред крајот на годинашново првенство во петте Трети фудбалски лиги на Македонија веќе се познати прваците кои ќе играаат во бараж за пополнување на единствената втора лига.

Тоа се Еуромилк од Горно Лисиче (Трета лига – Север/, Борец од Велес (Трета лига – Југ) и Кајмани од Камењане (Трета лига – Запад).

Во дерби средбата во Третата лига – Север, Еуромилк со голот на Хусеин Демири го победи БВК Коњаре и обезбеди голема, речиси недостижна предност на табелата.

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ КОЛА

Трета лига – Север (21 коло)

Кадино – Фортуна 1:0

Отља – Студеничани 1:3

Башкими – Пчиња  4:2

Лопате – Куманово 1:1

Аеродром – Беса /Слупчане/ 2:1

БВК Коњаре – Беса/Сарај/ 2:1

Ржаничино – Еуромилк   0:3 /службено/

22 коло:

Еуромилк – БВК Коњаре 1:0

Фортуна-Отља 6:0

Беса/Сарај/ – Кадино 7:2

 Студеничани – Башкими 2:0

 Пчиња – Лопате 3:1

 Беса/Слупчане /- Ржаничино 5:0

 Куманово – Аеродром 3:2

  • На тaбелата води Еуромилк со 64, пред БВК Коњаре со 54, Аеродром и Куманово со 34 бода.

Многу работи се разјаснија и по 23 коло во Третата лига – Југ по поразот на Превалец од Венец во Долни Дисан така што сега Борец од Велес веќе може да се подготвува за учество во  баражот.

Трета лига – Југ (23 коло)

Борец – Питу Гули 5:0

Башкими – Млекар 0:0

Венец – Превалец 2:0

Влазними – Младост 7:1

Росоман – Бучим 7:2

* На табелата води Борец со 58 пред Превалец со 49 и Венец со 46 бода.

И фудбалерите на Кајмани од Камењане по 19 коло речиси обезбедија голема предност во бодови на табелата во Третата лига-запад  откако нивниот најголем конкурент Влазерими загуби од Дрита во гости со 3-2.

Трета лига – Запад (19 коло)

Кајмани – Речица 2:1

Дрита – Влазерими 3:2

Љуботен – Напредок 4:3

Доброште – Скендербеј 3:0

Џепчиште – Вардар неодиграно

  • На табелата води Кајмани со 46 пред Влазерими со 38 бода.

 Трета лига –  Југозапад (15 коло)

Могила – Славеј  1:0

Напредок – Влазними 2:1

Кравари – Кораби 1:1

Караорман – Демир Хисар 7:1

  • На табелата води Влазними со 31 пред Могила со 28 и Славеј 26 бода.

 Трета лига – Исток (18 коло)

Победа – Хоризонт 2:0

Ударник – Дојранско Езеро 7:1

Карбинци – Тиверија 7:2

Брегалница – Малеш 1:1

Овче Поле беше слободно.

  • На табелата води Овче Поле со 37 пред Победа со 35 / еден меч помалку одигран/ и Хоризонт со 31 бод.

М.М.

Се вчитува...