ТРЕТИ ЛИГИ: Еуромилк ГЛ на чекор до бараж за Втората лига

Фудбалерите на Еуромилк од Горно Лисиче, кои играат во Третата лига – Север веќе можат да се подготвуваат за бараж за настап во Втората лига.

По 19 одиграни кола имаат седум бода предност пред најголемиот конкурент за првото место БВК Коњаре.

Од Еуромилк ГЛ веќе на двапати играа во Втората лига и се надеваат и на трета среќа.

Трета лига – Север 19 коло:

Еуромилк – Лопате 4:0

Фортуна – Студеничани 1:1

Ржаничино – Беса /Сарај/ 2:5

БВК Коњаре – Аеродром 1:1

Башкими Љуботен – Беса/Слупчане/ 3:2

Кадино – Пчиња 2:1

Отља – Куманово 1:4

  • На табелата води Еуромилк со 55 пред БВК Коњаре со 48 бода.

Трета лига – Југозапад 13 коло

Славеј – Напредок 4:3

Кораби – Могила 3:1

Света Тројца – Кравари 4:4

Караорман – Влазними 1:2

  • На табелата води Влазними со 28, пред Славеј со 26 бода.

Трета лига – Југ 20 коло

Млекар – Младост 2:0

Питу Гули – Росоман 5:1

Превалец – Влазними 5:0

Башкими-Борец 0:1

Ултрас-Венец 2:2

Бучим и Тополка беа слободни.

На 13 април се одигра и вонредно 21 коло:

Ултрас – Млекар 0:0

Венец – Башкими 2:1

Тополка – Превалец 1:2

Влазними – Питу Гули 4:0

Бучим-Младост 3:0

Слободни беа Борец и Росоман.

  • На табелата води Борец со 52 пред Превалец со 59 бода.

Трета лига  – Запад  17 коло

Камјани – Ренова 6:0

Вардар – Љуботен 7:0

Доброште – Речица 2:5

Влазерими – Скендербеј 3:0/службено/

  • На табелата води Кајмани со 37, пред Влазерими со 34 бода.

 Трета лига – Исток

П0РАДИ ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ НЕ СЕ ОДИГРА РЕДОВНОТО 17 КОЛО

М.М.

Се вчитува...