ТРЕТИ ЛИГИ: Во дерби мечот за титулата Борец го декласира Превалец

По дерби мечот меѓу најголемите кандидати за првото место во Третата лига – Југ на кој поранешниот прволигаш Борец од Велес го „прегази“ Превалец дури со 4-0, многу работи се разјаснија на табелата.

Сега Борец има шест бодови предност и е појасно дека веќе му е отворен патот кон баражот за Втората лига. Головите за Борец ги постигнаа Марко Миловановиќ, кој стрелаше во два наврати, и Стефан Филиповски и Даниел Иванов.

Во Третата лига – Исток, со голот на Никола Костадинов, фудбалерите на Победа од Валандово освоија три големи бода против Дојранско Езеро во гости и го задржаа чекорот кон врвот на табелата. Во ова коло Хоризонт најави жалба по мечот со Брегалница од Делчево и ќе има  трето полувреме.

Трета лига – Југ (22 коло)

 Млекар-Бучим 3-2

 Борец-Превалец 4-0

 Питу Гули-Тополка 1-3

 Башкими-Ултрас 3-1

 Младост-Росоман 4-5

Слободни беа Венец и Влазними.

  • На табелата води Борец со 55 бода, пред Превалец со 49 бода.

Трета лига  – Југозапад (14 коло)

Могила-Напредок 2-1

Кравари –Караорман 5-0

Влазними-Кораби 2-0

Демир Хисар-Света Тројца 1-0

Слободен беше Славеј.

  • На табелата води Влазними со 31 бод, пред Славеј 26 и Могила 25 бода.

Трета лига – Исток (17 коло)

Хоризонт-Брегалница 1-1

Малеш-Карбинци 1-0

Дојранско Езеро-Победа 0-1

Слободни во ова коло, беа Ударник, Тиверија и Овче Поле.

  • На табелата води Овче Поле со 37 пред Победа со 32 бода но и две средби помалку одиграни.

Трета лига – Запад (18 коло)

Вардар-Кајмани 1-3

Ренова-Џепчиште 2-3

Напредок-Доброште 4-2

Речица-Љуботен 4-2

Слободен беше Влазерими.

  • На табелата боди Кајмани со 43 бода, пред Вардар со 38 бода.           

Трета лига- Север (20 коло)

Беса/Слупчане/-Лопате 6-2

Пчиња-Отља 5-2

Студеничани-Кадино 3-1

Беса/Сарај/-Фортуна 2-1

Куманово-Башкими 5-0

Еуромилк-Аеродром 3-0

БВК Коњаре-Ржаничино 4-2

  • На табелата води Еуромилк со 58 бода, пред БВК Коњаре со 51 бод.

М.М.

Се вчитува...