Три англиски гиганти ќе водат битка за Деклан Рајс

Деклан Рајс е мета број еден на Манчестер Јунајтед, Челси и Арсенал престојното лето. Англискиот репрезентативец конечно доби зелено светло за заминување од Вест Хем во потрага по фудбал на најелитното ниво, но останува отворено која ќе биде неговата следна дестинација.

Рајс е поранешен младинец на Челси и претходните две лета се поврзуваше со враќање на „Стемфорд Бриџ“, но проблем за „сините“ е катастрофалната сезона во која не изборија излез во Европа во сезоната која следи.

Поверојатни опции се Манчестер Јунајтед и Арсенал чии „ребилдинг“ вроди плод. „Црвените ѓаволи“ имаат светла иднина под водство на Ерик тен Хаг, додека „топџиите“ беа конкурентни за шампионската титула речиси до самиот крај на сезоната.

Но, оној кој ќе ги добие неговите услуги е оној кој ќе издвои 150 милиони евра колку што е сумата која ја посакува Вест Хем. Рајс има договор со „чекикарите“ до 2024 година со клупска опција за продолжување на соработката на уште една сезона.

Се вчитува...