Три бода за Фулам во голеадата на „Крејвен Котиџ“

Фулам им се врати на победите во Премиерлигата откако во последниот натпревар од 13. коло славеше на домашен терен против Вулверхемптон со 3-2 во натпревар во кој беа изведени три пенали и истите беа успешно реализирани.

Голеадата на „Крејвен Котиџ“ започна во 7. минута кога мрежата ја затресе Ивоби за во 22. минута Куња да донесе изедначување на гостите од 1-1. Овој резултат остана на семафорот до полувремето, а во 59. минута домаќините одново поведоа.

Од белата точка успешно реализираше Вилијан за 2-1, но гостите одново успеаја да изедначат преку Хи-Чан кој одговори на ист начин во 75. минута. До трите бода Фулам стигна во 94. минута кога Вилијан одново реализираше пенал.

Се вчитува...