Тројца фудбалери од Премиер-лигата со симптоми на коронавирус

Многу лесно може да се случи да дојде до прекин на неодредено време на натпреварите од Премиер-лигата откако беше обелоденето дека врз повеќе фудбалери од елитното англиско фудбалско друштво се извршени тестови за коронавирус.

Англичаните засега немаат донесена одлука за одложување на сите натпревари (одложен беше само дуелот Манчестер Сити – Арсенал што требаше да се игра во средата), но последните информации од „островот“ се најава за „аларм“ во Англија. Имено, тројца фудбалери се пожалиле на симптоми за коронавирус, тројцата биле дел од иста екипа, по што управата на клубот побарала тестирање на целиот тим.

Резултатите се очекуваат најдоцна до утре, а доколку бареме ден биде утврдено дека најмалку еден тест е позитивен, веднаш ќе следи прекин на натпреварувањето во Премиер-лигата.

Се вчитува...