Три гола на Талески во новата победа на Рајн Некар Левен

Филип Талески со Рајн Некар Левен славеше победа на домашен терен против Хутенберг со 31-21. За германскиот шампион ова е седма победа во првите 8 кола од новата сезона во Бундес-лигата со која се зацврстува на врвот на табелата.

Македонскиот репрезентативен бек доби поголема минутажа на овој дуел и ја оправда довербата на тренерот Николај Јакобсен. Талески постигна три погодци од пет шута, а најефикасен кај Рајн Некар Левен беше Енди Шмит, со седум гола.

Во следниот натпревар во Бундеслигата, на 15 октомври, Филип Талески со Рајн Некар Левен му гостува на Филип Миркуловски во Вецлар.

Се вчитува...