Три гола во последните десет минути за триумф на „црвените ѓаволи“… (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед во повеќе од возбудлив натпревар со многу борба, поништени погодоци и промашени пенали, дојде до победа од 1-4 на гостувањето против Њукасл во 5. коло од Премиерлигата благодарение на трите погодоци во последните десет минути од мечот.

Домашните дојдоа до водство од 1-0 уште во 2. минута со автоголот на Шо. Но, Хери Мегваер во 23. минута успеа да израмни, за вистинските возбудувања да следат во вториот дел.

Најпрво во 58. минута Бруно Фернандеш не успеа да реализира пенал за Јунајтед, за да сепак си ја поправи грешката во 86. минута носејќи водство од 1-2. На 1-3 зголеми Ван-Бисака во последната минута од средбата, а конечните 1-4 ги постави Рашфорд во 97. минута.


Јунајтед по оваа победа дојде до шест бода, со две победи два порази на стартот од сезоната.

Се вчитува...