Три гола за шест минути, Евертон фуриозно го „збриша“ Барнли

Евертон успеа да го скрши отпорот на Барнли, па ја запиша третата победа по ред во низа, откако на домашен терен успеа да слави со резултат од 3-1.

Првото полувреме очигледно беше искористено за тестирање на силите меѓу двете страни, па по 45 минути игра на пауза се замина без голови (0-0).

Сепак, во вториот дел следуваше вистинска голеада, па „карамелите“ скапо ја наплатија провокацијата на гостите. Се’ започна во 53-та минута, кога Бен Ми беше прецизен и донесе водство за тимот на Барнли од 0-1.

По кратката радост на гостите следуваше вистински шок, откако Евертон за шест минути фуриозно ги збриша гостите, успевајќи да направат целосен пресврт. Најпрвин Мајкл Кин се запиша во листата на стрелци во 60-та минута, а потоа за водство погодија Андрос Таунсенд во 65-та и Демарај Греј во 66-та минута за конечни 3-1.

Со оваа победа Евертон запиша 10 бода и се изедначи со лидерот на табелата во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...