Следниот трансфер период ќе биде првата шанса на Микел Артета да го скрои тимот на Арсенал по своја мерка. Англиските медиуми пренесуваат дека тројца фудбалери се приоритет на Артета, но за нив лондонскиот клуб ќе мора да издвои значајна сума на пари.
Одбранбен фудбалер е цел број еден, а како прва цел се наведува 23-годишниот дефанзивец на Еспањол Марк Рока чива откупна клаузула е 40 милиони евра. Уште еден фудбалер од Ла лига е желба на Микел Артета. Се работи за среднистот на Атлетико Мадрид Томас Парти. Неговата откупна клаузула изнесува 50 милиони евра. Набил Фекир е последното име кое се поврзува со трансфер на „Емирати“. Фудбалерот кој минатата сезона од Олимпик Лион премина во Реал Бетис, подготвен е да заигра во англиската Премиер-лига, шанса која сака да ја искористи тимот од Лондон да го доведе во своите редови.
Статусот на Месут Озил во Арсенал е неизвесен, па затоа доколку Артета сака да го доведе ова трио ќе мора да се ослободи од Германецоот кој активен договор со клубот има до 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА