Три ѕвезди го напуштаат Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед и дефинитивно е подготвен за ремонт и подмладување на тимот. Оле Гунар Солскјер сака да им даде шанса на фудбалерите од академијата и поради тоа е подготвен да се раздели со најзвучното име во клубот Пол Погба.

Погба веќе подолг период не игра за „црвените-ѓаволи“, а се поголеми се шпекулациите дека најверојатно ќе премине во Реал Мадрид. Покрај Погба на излезна врата од „Олд Трафорд“ е и Немања Матиќ кој е веќе далеку од своите најдобри партии во кариерата.

Третиот фудбалер кој ќе замине од црвениот дел на Манчестер е Маркос Рохо кој со доаѓањето на Хари Мегваер во клубот веќе не е дел од ротацијата на Солскјер.

Се вчитува...