Тричковски дефинитивно отпадна поради повреда, засега Ангеловски без ново име

Напаѓачот на АЕК Ларнака, Иван Тричковски, поради повреда и дефинитивно отпаѓа од комбинација за претстојните два натпревари од Лигата на нации против Лихтенштајн и против Ерменија. По деталните лекарски прегледи поминати на Кипар утврдено е дека Тричко има истегнување на бутниот мускул од прв степен. Препорачано му е строго мирување од десетина дена и јасно е дека нема да биде во можност да им помогне на соиграчите од националниот тим.

Засега селекторот Игор Ангеловски нема да повикува ново име во селекцијата. Доколку наредните денови се покаже дека има потреба, тогаш соодветно ќе реагира.

Се вчитува...