Тричковски и Алиоски го „пробушија“ Гибралтар (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија има водство од 0-2 против Гибралтар на гости по само 35 минути игра на првиот меч од Лигата на нации. Нашиот национален тим го потврди својот квалитет, доминира на теренот, а резултатот со одличен волеј удар го отвори Иван Тричковски во 19.минута од средбата. Стефан Спировски нафрли од десната страна, а Тричковски на мајсторски начин ја погоди мрежата.

Во 35.минута, Тричковски беше асистент, топката дојде до Езгјан Алиоски на левата страна во шеснаесетникот, а тој со силен удар уште еднаш погоди на вистинското место.

Се вчитува...