Тричковски и Мојсов на чекор од групите во Лига Европа

Македонските интернационалци Иван Тричковски и Даниел Мојсов со кипарски АЕК Ларнака се на само чекор од место во групната фаза од Лигата на Европа.

Во првиот натпревар од плеј-оф рундата за Лига Европа, АЕК Ларнака одигра без победник (1-1) на гостувањето против Тренчин во Словачка. Па, на домашен терен сега ќе треба да го визира патот во групите од ЛЕ.

На денешниот натпревар во Словачка, Тричковски и Мојсов го одиграа целиот натпревар за АЕК. Домашните поведоа со голот на Слигерс во 55. минута од средбата а Кипраните израмнија со погодокот на Акоран во 60. минута.

Се вчитува...