Тричковски се повреди, го пропушта репрезентативниот собир

Напаѓачот на АЕК Ларнака, Иван Тричковски, нема да се појави на денешниот репрезентативен собир, а најверојатно и комплетно ќе отсуствува од овој втор квалификациски сегмент во Лигата на нации. Тој го повреди бутниот мускул на вчерашниот меч од кипарското првенство против Ермис (1-2), и во текот на денешниот ден ќе замине на детални медицински прегледи. Сепак, повредата е сериозна и тој речиси сигурно нема да може да помогне.

Националниот тим напладне ќе го има првиот собир во хотелот „Гранд Плаза“, а вечерва ќе го одржи и првиот тренинг на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Македонија на 13 октомври во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн, а три дена подоцна во Ереван ќе и гостува на Ерменија.

Се вчитува...