Тричковски: Тимскиот дух и извонредната атмосфера ќе бидат нашите крилја на утрешниот меч

Иван Тричковски е повеќе од домашен, се чини, на Кипар каде има повеќе од шест години престој. Токму поради тоа е релаксирано се чувствува во Никозија, заедно и со останатите репрезентативци, пред утрешниот натпревар со Ерменија, одлучувачки околу првото место во Ц – лигата.

Офанзивецот на АЕК Ларнака нагласува дека одличната атмосфера и тимот како квалитет треба да не понесат утре до позитивен резултат.

„Тимскиот дух и одличната атмосфера која владее во селекцијата треба да бидат нашето главно оружје на натпреварот против Ерменија. Знаеме дека ќе бидеме со многу промени но сите кои сме тука сме повеќе од мотивирани и подготвени да дадеме максимум за да ја реализираме нашата цел – првото место во групата“ – истакна Тричковски на денешната прес-конференција во Никозија.

Се вчитува...