Тричковски: Време е со оваа генерација да дојдат вистинските фудбалски успеси

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Иван Тричковски ова лето игра во извонредна форма во дресот на кипарскиот АЕК Ларнака. Сето тоа, без сомнение, посакува да биде преточено и во репрезентацијата за која и тоа како е неопходно неговото искуство.

Стартот на новото УЕФА натпреварување, Лигата на нациите, е повеќе од мотивирачко за секој поединец во националниот тим, како што вели и Тричковски затоа што можеби е време токму со оваа генерација да дојдат вистинските фудбалски успеси…

„Знаеме што значи за нас Лигата на нациите и можноста која ја нуди да се стигне до едно големо натпреварување. Токму затоа максимално сериозно пристапуваме на секој натпревар. Така ќе биде и против Гибралтар. Ја носиме фаворитската улога но тоа ќе мора да се покаже на терен. Не сакаме воопшто да го потцениме противникот, но секако добро ги знаеме и нашите квалитети. Едноставно трите бода од овој меч не треба да бидат доведени во прашање“ – вели Тричковски.

Натпреварот меѓу Гибралтар и Македонија вечерва на „Викторија стадионот“ во Гибралтар стартува од 20:45 часот.

Се вчитува...