Трилер финале во ѓуле – Ковач во последната серија до злато и рекорд на шампионатите

Џои Ковач е нов светски шампион во фрлање ѓуле откако во последната серија од финалето фрли 22.91 метар што е нов рекорд на шампионатите. Среброто му припадна на неговиот сонародник Рајан Краузер кој беше само еден центиметар пократок од Ковач. Бронзата му припадна на Томас Волш од Нов Зеланд кој имаше исто фрлање како сребрениот Краузер, но имаше послаба серија.

Претходно во оваа нееројатна ноќ рекордот на шампионатите го урна и Сифан Хасан, која делницата од 1500 метри ја помина за време од 3:51.95 минути. Среброто и припадна на Кипјегон од Кенија, додека бронзена беше Цегај од Етиопија.

Се вчитува...