Трилер-лудило на „Гудисон Парк“: Поделба на пленот меѓу Евертон и Ливерпул

Евертон и Ливерпул ремизираа 2-2 во градското дерби со кое беше одбележан почетокот на петтото коло од Премиер-лигата. „Црвените“ имаат за што да жалат бидејќи одиграа подобар меч, двапати стигнуваа до предност преку Мане и Салах, но и тоа се покажа недоволно за да се стигне до цел плен. Во судиското продолжение избраниците на Клоп дадоа и трет гол преку Хендерсон, но ВАР спречи радост на избраниците на Јирген Клоп на овој суперинтересен дерби-натпревари.

Домаќините одиграа крајно груб меч, во првиот дел најпрвин голманот Пикфорд брутално стартуваше над Ван Дајк повредувајќи го најдобриот дефанзивец на „црвените“, а пред самиот крај заслужен црвен картон доби Ричарлисон, за грубиот старт над Тијаго Алкантара.

Мане беше стрелец на првиот гол за Ливерпул по само две минути игра, а домаќините израмнија преку дефанзивецот Кејн. Пикфорд имаше неколку одлични интервенции, но голманот на „карамелите“ беше немоќен при одличниот шут на Салах, со кој Египанецот стигна до бројот од 100 постигнати погодоци во дресот на Ливерпул. Калверт Луин погоди за 2-2, но тоа беше само најава за трилер-финишот.

Ричарлисон доби заслужен црвен картон,  потоа Ливерпул постигна и победнички гол преку Хендерсон, кој беше поништен со ВАР поради милиметарски офсајд на Садио Мане.

Се вчитува...